Занимливости
Гинисов рекорд за најголемиот билборд во светот (ФОТО)
Ford официјално влезе во Гинисовата книга за рекорди за поставен најголем билборд во светот, откако го откри рекламниот постер за своето најново теренско возило Ford EcoSport на вкупна површина од 5.265 м2, што е еквивалентно на 20 тениски игралишта, а е поставен на исконската зграда „España“ во центарот на Мадрид, Шпанија.
По деталната проверка на инсталацијата, судијата на Гинисовите рекорди и официјално потврди дека се работи за најголемиот билборд во светот, кој го надмина претходниот рекорд во Дахран, Саудиска Арабија, за 241,93 м2.
„Титулата за ‘најголем билборд’ во Гинисовата книга на рекорди ја демонстрира креативноста која ја движи нашата компанија“, рече Елена Бургете, директор на Маркетинг во Ford, Шпанија.




