Занимливости
Мажите поголеми „нарциси“ од жените
Една неодамна спроведена студија го потврди она во што многумина можеби веќе и го претпоставуваа, а тоа е дека мажите се понарцисоидни од жените.
Научниците ги анализирале резултатите од различни истражувања за нарцисоидност во период од три децении, со кои биле опфатени повеќе од 475.000 испитанции. Научниците ги анализирале разликите меѓу половите кога се во прашање три аспекит на нарцисоидноста: страста за раководење, суетноста и желбата за поседување, објави лондонски „Индепендент“.
Анализите откриле дека мажите во просек се поголеми „нарциси“, независно од возраста или генерацијата.




