Занимливости
Меѓународната карневалска поворка на 35. Риечки карневал тргнува в недела
Меѓународната карневалска поворка на 35. Риечки карневал ќе тргне од централниот дел на градот в недела 11 февруари на пладне. Во неа се очекува да учествуваат 104 групи под маски, 71 алегориски возила и над 10.000 маскирани индивидуалци, сопштуваат од Градската управа на Риека.
На карневалот, што годинава трае помалку од еден месец, од 17 јануари до 14 февруари, освен од Хрватска, има и групи од Италија, Словенија, Белгија, Црна Гора, Србија и Македонија.
Пред тргнувањето на поворката, гледачите на Корзо ќе ги забавуваат риечките мажоретки, а карневалската забава ќе продолжи на повеќе места во центарот на Риека.




