Магазин
Милано ја забрани употребата на селфи стиковите
Властите во Милано ја забранија употребата на селфи стикови, лименки и стаклени шишиња,како и камиони со храна во обидите за построги казни и воведување ред во градот и во борбата против недоличното однесување во текот на летната сезона.
Од петокот, продажбата на лименки и стаклени шишиња е забранета во крајбрежната област Дарсена, а во баровите и пабовите пијалак може да се служат само во хартиени и пластични чаши.
Во таа зона е забрането „држење, носење, оставање на улица или носење какви било садови или лименки, како и употреба на селфи стикови“.




