Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Со Avon збогатете го вашиот несесер по неверојатни цени

Магазин

Со Avon збогатете го вашиот несесер по неверојатни цени

Со доаѓањето на топлите денови сигурно почнавте да размислувате за идеалната летна дестинација, за атрактивни костими за капење, за удобни сандали и шарени шапки. Тоа е вистинскиот момент да ги одберете и летните сојузници за убавина кои на вашата кожа ќе ѝ дадат сезонска свежина.

Оставете ја тешката шминка и направете простор за впечатливи бои и производи кои може да бидат ваши благодарение на големата распродажба во Avon брошурата и на www.avoncosmetics.com.mk која ќе трае до 24 јули. За сензационален изглед доволни се разнобојните кармини, маскари и лакови за нокти. Сето тоа може да го купите за помалку од 700 денари, а ќе можете да ја израдувате и вашата пријателка, мајка или сестра затоа што со еден порачан производ другиот го добивате бесплатно.

Сакате да го истакнете исончаниот тен со помош на кармин во боја на кожа, но и да го зачините вечерното излегување со силна боја на усните? Не грижете се, затоа што два Kiss’n’go кармини може да бидат ваши за само зa 199 денари!

Фатете го моментот и имајте заводлив поглед на плажа, со прекрасната водоотпорна маскара SuperSHOCK Max за 299 денари. Заедно со неа ќе можете да изберете уште една како подарок!

Летното расположение продолжува и со ноктите. Ќе ги привлечете туѓите погледи со разиграните бои на лакот за нокти AVON True Colour. И повторно, со секој лак за нокти за 199 денари, добивате подарок уште еден. Одлична зделка за привлечен летен маникир!

Летото може да стане уште поубаво со омилената шминка за секоја пригода – на плажа, на забава или во канцеларија. Зграпчете ги понудите и заштедете!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.