Занимливости
„Милка“ и „Кока-Кола“ се најдобрите глобални брендови на Балканот
„Милка“ и „Кока-Кола“ се најдобрите брендови во земјите од регионот, а Македонија е најголем „увозник“ на глобалните брендови, покажуваат резултатите на годинешното истражување на Агенцијата „Валикон“ за силата на брендовите од категоријата производи за широка потрошувачка.
Македонија е најголемиот „увозник“ на глобални брендови. Само три локални бренда се меѓу топ 10 во Македонија, но и само два регионална („Аргета“ и „Вегета“). Глобалните брендови зазеле пет позиции – „Милка“, Кока-Кола“, „Орбит“, „Нескафе“ и „Пепси“.
Истражувањето уште покажува дека Србија и Хрватска не „увезуваат“ регионални брендови, односно на листите на двете најголеми земји од регионот има домашни или глобални брендови – во Хрватска само три, а во Србија четири глобални брендови.




