Занимливости
„Моцарт ефектот“ е само урбан мит, тврди германски психолог
Поради раширеното верување дека класичната музика влијае на детската интелигенција, бремените жени често одат на концерти, а наставниците во училиштата со задоволство им пуштаат на децата дела од Моцарт.
Меѓутоа, експертите предупредуваат дека работите сепак не се толку едноставни.
– Во раните 90-ти години на минатиот век во САД беше обајвена една студија во која се тврдеше дека слушањето композици на Моцарт ги прави луѓето попаметни, вели Михаел Олер, претседател на Друштвото за музичка психологија во Германија, додавајќи дека резултатите од таа студија никогаш не биле научно повторени.




