Магазин
Голема акција за отстранување на повеќе од сто тони смет од Монт Еверест (ФОТО)
Во пресрет на новата сезона на искачување на највисоката планина во светот Монт Еверест, се бараат планинари кои ќе учествуваат во акцијата на чистење на повеќе од сто тони смет и стара опрема која е фрлана и оставена на патеките.
Со цел да се влијае на планинарите да се грижат за животната средина, од 2014 година при качувањето на Монт Еверест парично се казнуваат оние планирани кои нема да донесат доволно отпадок и смет, кои се оставени на патеките за Монт Еверест.
Иако звучи неверојатно, но Монт Еверест понекогаш се опишува и како најголема депонија во светот.




