
Модни трендови
22. Моден Викенд Скопје од 1 до 3 октомври во Јавна Соба
FWSK и ONLYAFEW најавуваат реномирани дизајнери, како и нови иновативни таленти од нашата земја и странство, што ќе се претстават во рамки на тридневниот шоурум „Свесна Мода“ од 1 до 3 октомври во Јавна Соба.
Поканата е отворена за сите љубители на убавиот и квалитетен дизајн, кои ќе имаат уникатна можност да се запознаат со нив, да ги погледнат изложeните креации во живо, како и на лице место да си одберат единствени парчиња по најповолни цени.
Со музички перформанс на маестралниот Gloomié за свечено отварање на дваесет и второто издание, наредниот четврток (01.10) со почеток од 19 часот во Јавна Соба ќе се означи стартот на најкултното модно случување во градот. Моден Викенд Скопје оваа сезона е конципиран како тридневен „поп-ап“ настан со продажен шоурум, арт инсталации, студентски изложби, едукативни предавања и богата музичка програма. Влезот е слободен од 10 до 22 часот во петок (02.10) и сабота (03.10). И дефинитивно е пригода што не се пропушта.




