Занимливости
Најдобри одлуки се носат на празен стомак
Иако старата поговорка вели дека „стомакот нема уши“, и кога сме гладни мислиме само на храна, ново истражување покажува дека најдобрите одлуки се носат токму на празен стомак.
И самите истражувачи, чија студија е објавена во списанието „PlosOne“, признаваат дека кога сме гладни имаме тенденција дека губиме контрола над себе и оти единствено за што размислуваме е нешто да каснеме.
Научниците, меѓутоа, утврдиле дека гладот не принудува да се концентрираме на својот инстикт, кој во случај на носење долгорочни, комплексни одлуки може да биде особено ефикасен бидејќи ни помага подобро да ги согледаме последиците, а со тоа рационално да „измериме за и против“.




