Ви препорачуваме
НА ЛЕТНИТЕ ЖЕШТИНИ: Пијте многу течности, но никако екстремно студени!
Организмот може да се разлади со туширање и внесување на течности, но не студени, бидејќи тој повторно се затоплува до оптималната телесна температура и така дополнително се троши енергија, советува примариус доктор Амра Башиќ-Живадиновиќ.
Тоа е случај кај прегрејувањето на организмот, а Башиќ-Живадиновиќ потенцира дека топлотниот удар и сончаницате се сериозни состојби кај кои неопходно е да се побара помош од лекар.
Таа истакнува дека лице во таква состојба прво треба да се сокрие во ладовина и што побрзо да се однесе на лекар.




