Занимливости
Најскапиот стан во светот не е ниту во Европа, ниту во САД – туку во Хонг Конг
Недвижностите во Хонг Конг се меѓу најскапите во светот, а официјално и најскапиот стан на планетата Земја е продаден токму во овој град.
Два стана во луксузниот кварт Пик овој месец се продадени за 146 милиони долари, а беа купени од истиот човек.
Неидентификуваниот купувач платил 76,8 милиони долари за стан од 420 квадратни метри и 71,7 милиони долари за стан од 400 квадратни метри.




