Магазин
Во Финска ќе се продава леб со сушени инсекти
Една од најголемите фински прехранбени компании соопшти дека од петок почнува со продавање леб со сушени инсекти.
Шефот на пекарското одделение на групацијата Фазер, Маркус Хелстром изјави дека во тестото на секоја векна ќе има по 70 сушени и сомелени штурци.
Тој додаде дека прав од буби ќе биде три отсто од тежината на лебот.





