Занимливости
Најстарата работничка во „Мекдоналдс“ има 94 години и не сака да оди во пензија
Американката Лорејн Маурер (94) веќе 44 години работи во ресторан за брза храна на „Мекдоналдс“ и вели дека „никогаш нема да оди во пензија“.
Маурер во „Мекдоналдс“ се вработила во 1973 година, откако нејзиниот сопругот заминал во инвалидска пензија и од тогаш во ресторанот работи по две смени неделно .
– Јас тогаш му реков на мојот сопруг дека сум премлада по цел ден да седам дома, па почнав да барам работа, изјави Маурер за „Еј-Би-Си Њуз“, во текот на забавата што за неа ја организираа колегите.




