Занимливости
На жените им е потешко да ослабат отколку на мажите
Група британски и американски научници утврдија дека поради влијанието на хормоните на жените им е потешко да ослабат отколку на мажите, пренесува Фена.
Во некои делови на светот екстремната дебелина е почеста кај жените отколку кај мажите, покажуваат податоците од Светската здравствена организација.
Во новото истражување е утврдено дека клучот лежи во хормоните задолжени за контрола на апетитот, телесната активност, потрошувачката на енергија, и на крајот, намалувањето на телесната маса.




