Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Повеќе од илјада насмеани деца од скопските градинки беа дел од „Органската фарма на фармерот Марко“!

Занимливости

Повеќе од илјада насмеани деца од скопските градинки беа дел од „Органската фарма на фармерот Марко“!

Повеќе од илјада деца од неколку скопски градинки имаа можност да бидат дел од едукативната театарска претстава „Органската фарма на фармерот Марко“ која во изминатиот период беше вистински хит во нашиот главен град. Имено, по една градинка од сите скопски општини беа во улога на домаќини на едукативната претстава која е проект на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

Проектот е дел од кампањата на Владата на Република Македонија за подигнување на свеста за консумација на органска храна. Оваа претстава за имаше за цел да им го разубави секојдневието на дечињата и притоа на интересен начин и лесен пристап да ги едуцира нашите најмили за органските производи и нивното значење.

Актерите во претставата, Марко Новески и Бојан Бошковски, едниот во улогата на фармер, а другиот како органско јаболче, им појаснуваат на децата кои се придобивките од исхраната со органско овошје, зеленчук, млеко и другите органски производи. Фармерот Марко има за задача на интересен начин да им појасни на децата како огледува органско овошје, зеленчук, месо и млеко и дека откако тој и неговото семејство консумираат органска храна се многу поздрави. Маскотата изработена во форма на органско јаболче на децата од градинките им раскажува колку е поубаво да се расте на органски начин отколку на конвенционален и колку е важно консумирањето на органско овошје и зеленчук за нивното здравје.

DSC_3444

„Децата се нашето најголемо богатство и уживав во секој момент од претставата. Имено, станува збор за кратка детска претстава, преку која децата учат за органска храна. Јас, во улога на фармер и Бојан, како органско јаболко ги учиме децата како се одгледува органската храна и кои се бенефициите од неа. Дечињата многу брзо ги впиваат информациите и веднаш позитивно реагираат на сето она што го прикажувавме на сцената. Освен тоа што ги учевме за органските производи и им на интересен начин им објаснувавме што значат тие, заедно игравме една и една интересна едукативна игра, го запознававме знакот за органски производ и пеевме песнички. За време на претставата на децата им делевме и органски јаболчиња и едукативни боенки“, изјави популарниот водител и голем пријател на децата Марко Новески.

Република Македонија ги следи современите светски текови за органското производство во последните неколку години станува перспективен сегмент во земјоделството. За да македонските органски производи станат полесно достапни за граѓаните, но и за да се разбере вредноста на истите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство традиционално, во соработка со Федерацијата на органски производители го организираше 9-тиот „Ден на Органско Производство“ кој се одржа на 5-ти декември во Скопје и истиот имаше посетеност од илјадници граѓани кои се интересираа, купуваа и дегустираа органски производи и притоа за прв пат таму беше одиграна едукативната претстава „“

Целиот проект има за цел да создаде корелација помеѓу двата поима “здравје” и “органско” и користењето на органската храна да се разбере како потреба за здрав живот и долгорочна виталност. Кога мислиме за органско производство се мисли на специфично производство на храна, без употреба на пестициди и други хемикалии. Во проектот беа вклучени градинките:, „Весели Цветови“ – Кисела Вода, „Буба Мара“ – Аеродром, „Росица“ – Ѓорче Петров, „Снежана“ – Чаир, „11 Октомври“ – Бутел, „Пролет“ – Карпош, „13-ти Ноември“ – Центар, „25-ти мај“ – Гази Баба и Интернационалната приватна градинка „Пиколини“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.