Занимливости
Наместо брак десетгодишен договор за врска
Во светот денес во просек повеќе од една третина од браковите завршуваат со развод, поради што експертите ги советуваат паровите наместо за брак да се одлучат за десетгодишен договор за врска, пишува „Индепендент“.
Паровите, кои ќе се одлучат за десетгодишен договор, наместо за бракот до крајот на животот, подобро ја договараат поделбата на работите, особено на финансиите и повторно ја разгледуваат својата иднина по истекот на договорот.
Ваквите договори, според мислењето на експерите би ги спречиле незгодните бракоразводни парници, кои се најмногубројни токму на десетгодишнината од бракот.




