Занимливости
НАУЧНИЦИТЕ ВО ПАНИКА: Пронајдена пластика во телата на морските суштества на дното на океанот
Научниците од Универзитетот во Њукасл дојдоа до шокантно откритие за време на истражувањето на долината Челинџер дип во Маријанскиот ров, познат како најдлабока точка на Земјата.
Тимот првпат најде пластика во стомаците на морските суштества на дното на океанот, што значи дека повеќе не постои дел на светските океани до кој не допрел човечкиот отпад.
Секое суштество пронајдено на длабочина од 10.890 метри внесло во својот организам извесен вид вештачки материјали вклучувајќи и најлон кеси, ПВЦ и ПВА, пишува Индипендент.




