Занимливости
Пијан Романец заспал во локално кафуле и се разбудил во Лондон
Романецот Михаил Данциу пиел со неговите пријатели во локално кафуле во романскиот град Албешти и помислил дека би била добра одлука да се обиде да најде работа во Лондон.
После неколку чаши Данциу се обложил со пријателите дека може да најде работа во Велика Британија и друго на што се сеќава е дека се разбудил во двор на зграда во центарот на Лондон со модринки и во шок, дека сите околу него зборувале англиски.
Тој бил однесен во болница каде што медицинската сестра од романско потекло Адина Востаче потврди дека навистина стигнал во Велика Бритнаија, објави „Дејли Мејл“. Медицинската сестра неговата приказна ја објавил во група на Фејсбук со надеж дека некој од нејзините пријатели од Романија ќе знае како Михаил пристигнал во Лондон.



