Занимливости
Недостигот на сон го слабее имунитетот
Истражувањето спроведено во САД на Универзитетот во Вашингтон, го поврзува недостигот на сонот со поголеми изгледи за послаба функција на имунолошкиот систем, пренесуваат медиумите.
Наодите објавени во стручното списание Sleep се добиени со следење на 11 двојки близнаци, на просечна возраст од 43 години.
Се покажало дека во случаи кога еден од близнаците редовно спиел значително помалку од вториот, тој имал послаб имунитет.




