Занимливости
ИСТРАЖУВАЊЕ: Кучињата можат да „зборуваат” со луѓето
Кучињата имаат изненадувачка способност со своето однесување и лаење да им кажат на луѓето што сакаат, покажа едно истражување.
Жените биле подобри од мажите во препознавањето на знаците кога кучето е разиграно, а кога има чувство на страв и бес, откриле научниците.
За потребите на истражувањето 40 доброволци слушале снимени различни лаежи и р`жење од 18 кучиња кои ја чувале својата храна, гледале како минуваат непознати луѓе или си играле.




