Занимливости
НЕОДОЛИВИ ГРАДОВИ: Најпосетени дестинации во светот
Луѓето денес патуваат повеќе од кога и да е претходно во историјата, а два азиски града пречекаа повеќе посетители во однос на сите други дестинации во светот.
Веќе седум години по ред Хонг Конг го зазема првото место на годишната листа на најпосетени дестинации во светот, која секоја година ја составува Еуромонитор.
Градот пречекал 26,69 милиони посетители во 2015 година, последната година за која се достапни сеопфатни статистички податоци. И покрај тоа што е прв на листата, забалежан е пад на бројот на туристите.




