Магазин
Нетфликс го објави првиот трејлер за новата документарна серија на Дејвид Бекам
Наскоро доаѓа новата серија на Нетфликс за Дејвид Бекам, а трејлерот штотуку е објавен. Документарната серија „Бекам“ ги следи подемите и падовите во животот на Бекам – и како глобална спортска ѕвезда и како глава на едно од најпознатите семејства.
„Бекам, документарна серија од четири дела, зборува за глобална фудбалска ѕвезда и културна икона. Дејвид Бекам е едно од најпознатите имиња на планетата, но малкумина знаат кој е тој навистина.
Од неговите скромни почетоци во работничката класа во Источен Лондон, неговата желба и решеност да победи и неговата борба да најде рамнотежа помеѓу амбицијата, љубовта и семејството, приказната на Дејвид е една приказна за огромните подеми и падови“, велат од Нетфликс.





