Низ објективот
106-годишната тату-артистка Апо Ванг-Од го освои светот на модата со насловната страница на филипинското издание на „Вог“
Најновиот априлски број на филипинското издание на „Вог“ се истакна со насловната страница на 106-годишната тату-артистка Апо Ванг-Од.
Во разговор со уредниците на списанието, Ванг-Од ја сподели својата приказна и истакна дека со задоволство продолжува да ги тетовира симболите на племето Калинга на луѓето кои ја посетуваат во Бускалан.
Насловната страница на „Вог“ привлече внимание на друштвените мрежи, а многумина ја прогласија за најдобрата насловна на сите времиња.




