Низ објективот
Роденден за кој сите зборуваат: Магазинот „Убавина и Здравје“ славеше со преку 400 гости! (ФОТО)
Вчеравечер во луксузниот хотел „Мирор“ во Скопје, магазинот „Убавина и Здравје“ го прослави својот 14. роденден на која присуствуваа преку 400 гости.
Роденденската забава започна уште во 19 часот, а траеше до полноќ. Гостите ги забавуваше „Попарт бенд“ и Бока Конга&Баже Сакс кои направија одлична атмосфера.
Пред присутните се обрати уредничката на „Убавина и Здравје“, Јована Стојменовиќ која ја отвори вечерта и на присутните им посака да уживаат и да се забавуваат вечерта.



