Занимливости
Нов божиќен подарок за вашите сакани: Коктел од вашите солзи
Британската компанија „Бомбас енд Пар“ дојде на оригинална идеја за „најличен божиќен и новогодишен подарок“ за саканите личности – коктел од солзи.
Оваа компанија со седиште во Лондон на 15 декември ќе оддржи работилница на која учесници ќе плачат и од своите солзи ќе прават коктели.
За полесно плачење ќе добиваат специјални масажи и цело време ќе слушаат сериозна музика. Како последно средство, на учесниците на работлницата располагање ќе биде ставен и ментол.




