Шоубиз
Оскари 2022: По инцидентот на сцената, Вил Смит го освои својот прв Оскар и одржа емотивен говор
Откако на сцената му удри шлаканица на Крис Рок кој се шегуваше на сметка на неговата сопруга Џејда, Вил Смит плачеше на сцената примајќи ја наградата за најдобра главна машка улога и се извини на Академијата.
-Сакам да и се извинам на Академијата. Сакам да им се извинам на сите мои колеги номинирани. Ова е прекрасен момент и не плачам за освојување на наградата. Не се работи за освојување награда. Станува збор за тоа да можеш да им фрлиш светлина на сите луѓе – рече Смит кога ја примаше наградата за најдобра главна машка улога во „Кралот Ричард“.




