Магазин
Нова оригинална туристичка атракција на Малдивите (ВИДЕО)
Пловечките бунгалови минатата година беа најчест избор на посетителите на Малдиви. Меѓутоа, оваа земја сега добива нова туристичка атракција – подводна вила, прва во светот од таков вид, а се наоѓа на островот Рангали.
Називот на резиденцијата е Мурака, што значи корал на дивехи – јазикот што се говори во оваа островска држава во Индискиот Океан.
Објектот е дизајниран така што во целост се вклопува во подводното окружување, овозможувајќи им на гостите „да бидат дел од подводниот свет“.





