Занимливости
Новогодишниот караван „И јас сум Дедо мраз“ на „Проект среќа“ израдува илјада деца низ Македонија
Околу 450 дечиња кои живеат во сиромаштија добија подароци од пријателите на здружението „Проект среќа“ во рамките на акцијата „И јас сум Дедо мраз“.
Новогодишната кампања почна на 1 декември со цел да обезбеди новогодишни подароци за децата чии семејства не можат да си дозволат да им ги купат. Како изненадување, подароците во нивните домови или во институциите каде што претстојуваат, им ги донесе лично Дедо Мраз.
Дедо мразот на „Проект среќа“ е се уште на пат низ Македонија, и планирано е да се израдуваат вкупно околу 1.000 деца. Повеќе македонски јавни личности и компании донираа подароци за нив.






