Занимливости
ОБИЧАИ И ТРАДИЦИИ: Денеска е Бадник, утре е Божиќ
За верниците од христијанска вероисповед Божиќ е еден од трите најголеми празници кога според христијанското верување роден е Синот божји Исус Христос.
На Бадник во домашното огниште се пали бадниково дрвце, кое претставува симбол на светлината и топлината, кои треба да ги греат и зближуваат членовите на семејството.
Погачата во која се става паричка се крши на онолку делови колку што има членови во семејството. Паричката од злато или сребро го симболизира дарот на новородениот Христа, а се верува дека среќа ќе го прати оној кој ќе ја пронајде паричката.




