Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

БАДНИКОВА ВЕЧЕР: Каде и да си – за Бадник дома да си

Ви препорачуваме

БАДНИКОВА ВЕЧЕР: Каде и да си – за Бадник дома да си

Со богата посна трпеза православните христијани вечерва го празнуваат Бадник, денот пред одбележувањето на христовото раѓање – Божиќ.

Откако во раните утрински часови коледарчињата го најавија христовото раѓање, домаќинките ја замесија погачата со паричка и ја наполнија празничната трпеза со посна сарма, риба, грав, зелник, суви смокви, тиква.

Со вечерата традиционално се пие црвено вино или греена ракија. Најинтересен настан на бадниковата вечер е кршењето на лепчето со паричка. Се верува дека на тој што ќе му се падне ќе го прати среќа цела година.

По вечерата масата не се раскрева – храната треба да остане цела ноќ. Православните христијани веруваат дека Господ и духовите на мртвите ќе се симнат да се најадат. Неизбежен декор во домот секако е и бадниковото гранче и посебна божикна декорација.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.