Занимливости
Отворен првиот „бар за дремка“ во Шпанија
Во Мадрид е отворен првиот „неп бар“ во Шпанија, каде посетителите ќе можат да „дремнат“ и да „ги наполнат батериите“ за остатокот на денот.
Барот „Сиеста енд Гоу“ е инспириран од сличните „барови за дремка“ кои веќе функционираат во Лондон, Дубаи и во неколку градови во Јапонија.
Шпанскиот бар на своите гости им нуди приватни соби или простори во кои може да се „дремне“ заедно со други луѓе. Цената за една „дремка“ се движи од 12 до 14 евра за час.




