Занимливости
Ова е „највеселата“ кобра во светот
Веројатно никој не се насмевнува при средба со отровна змија, но сепак, оваа кобра предизвикува токму таква реакција.
Кобрата, на задниот дел од телото има белег, кој неодоливо потсетува на насмеан емотикон.
Фотографот Сувик Басу наишол на неверојатната кобра во Индија, но сепак се потрудил да одржи соодветно растојание од неа.




