Магазин
Туристите го обожуваат овој остров и покрај заканите за нуклеарен напад
Туристите и натаму го посетуваат Гуам, иако Северна Кореја се закани дека ќе истрела ракети во насока на таа американска територија во екот на тензиите и острите реторики меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.
Туристиката Чихо Цучија од Јапонија слушнала на вести за Гуам, но сепак одлучила да го посети островот со сопругот и двете деца.
– Сметам дека Јапонија и Јужна Кореја исто така би можеле да бидат во опасност од Северна Кореја, така што исто како да сме останале дома, изјави 40-годишната Чихо Цучија.




