Магазин
Парфемите на AVON најбарани на македонскиот пазар
Македонците сакаат да мирисаат убаво и затоа редовно издвојуваат финансии за да си го купат омилениот парфем, кој, според продажните статистики, веќе неколку години наназад, произлегува токму од палетата на парфеми која се нуди во брошурите на Avon.
Сепак, ова не е специфика само на домашниот пазар туку козметичкиот гигант спроведе големо светско истражување со цел да увиди како потрошувачите ги оценуваат нивните парфеми во споредба со оние од други компании. Во истражувањето биле вклучени 4800 учесници од 14 градови во 4 различни држави и биле користени 8 мириси на AVON наспроти 8 парфеми од други луксузни брендови.
Без да знаат кој е кој, тие имале за задача да го одберат парфемот што повеќе им се допаѓа, а производите на AVON биле апсолутен победник. Учесниците воедно забележале дека купувајќи ги тие мириси добиваат најдобар квалитет за најповолна цена, а победници на големиот тест на мириси се женските парфеми Little Black Dress, Incandessence, Perceive, но и машкиот мирис Full Speed кои се нудат во актуелните брошури на Avon и кај нас.




