Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пат околу светот со велосипед за 78 дена

Магазин

Пат околу светот со велосипед за 78 дена

Шкотскиот велосипедист Марк Бомонт го собори досегашниот Гинисов рекорд во однос на пат околу светот, откако мина 29.000 километри за помалку од 80 дена.

Шкотланѓанец возел 18 часа на ден низ Франција, Полска, Русија, Монголија, Кина, Австралија и САД. Неговиот велосипедски маратон заврши пред Триумфалната капија во Париз.

– Ме мачеше недостатокот од сон. По долгите недели и часови, во главата продолжив да се борам. Не смеев да застанам, изјави Бомонт.

Патот со велосипед околу светот траеше 78 дена, 14 часа и 40 минути. Претходниот рекорд му припаѓаше на Новозеланѓанецот Ендрју Николсон кој во 2015 година го стори тоа за 123 дена.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.