Патувања
На грчкиот остров Закинтос: Затворена популарната плажа „Навагио” поради голема опасност од лизгање на земјиштето
Популарната плажа “Навагио” на грчкиот остров Закинтос, која е позната по својата убавина и кристалната вода, ќе биде затворена до крајот на октомври оваа година поради безбедносни причини.
Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) излезе со препорака минатиот месец да се забрани пристапот до плажата откако научниот тим констатирал голема опасност од лизгање на земјиштето поради ерозија.
Со министерска одлука објавена во Службен весник, забраната на пристап до плажата е официјално воведена. Забраната се однесува на пристап од копно и од вода, а за прекршување на забраната предвидени се административни казни.