Патувања
Прекугранични несекојдневни приказни кои ќе го развиваат туризмот во регионите на Пелагонија и Корча
Историскa, гастрономска, адреналинска, градска и крафт се уникатните туристички доживувања кои може секој турист да ги доживее прекугранично во регионите на Пелагонија и Корча. Ова се овозможува преку проектот Смарт-Кул-Тур финансиран од ЕУ и кофинансиран од Министерство за локална самоуправа од Програмата ИПА 2 за прекугранична соработка помеѓу С. Македонија и Албанија 2014-2020.
– Smart-Cul-Tour е партнерство кое претставува акцелератор кој го поттикнува туризмот, го промовира и заштитува културното и природното наследство, поттикнува соработка помеѓу жителите на заедниците во прекуграничниот регион, иницира разменување на знаење и искуство, со цел да се овозможи рамномерен и одржлив социо-економски развој во прекуграничниот регион на Пелагонија и Корча. Во партиципативен и консултативен процес развиени се 5 уникатни и атрактивни туристички понуди и нивни варијации, за групен и индивидуален туризам во овој регион. Шестата туристичка понуда е најинтересна и најпривлечна понуда која патникот/ туристот може сам да си ја креира директно преку туристичката агенција ЈК Травел, велат од Смарт-Кул-Тур.







