Занимливости
Посиромашните луѓе се похумани и посолидарни
Жителите на Мјанмар, која е една од најсиромашните држави во Азија, се најхумани луѓе на целата планета, покажува истражувањето на лондонската фондација „Черити“.
Жителите на Мјанмар, иако ни самите немаат доволно, најмногу од сите луѓе на светот даваат дел од своите пари на посиромашните. Тие, заедно со жителите на САД, го делат и првото место во општата категорија на дарежливост, која опфаќа дваесетина видови на човекова хуманост и солидарност.
Најновото рангирање на позитивните страни на човечноста во светот, „Черити“ го изработи врз основа на истражувањато на нејзини соработници во 135 држави во сбетот, кои го следат односот на луѓето кон помагање на сиромашните, доброволната хуманитарна работа, помош на непознати лица, особено на странци и други видови на благородно однесување кон своите сограѓани.




