Магазин
Пред спиење заштите ја кожата за да се разбудите свежи и одморни
За да ја одржите свежината и мекоста на кожата и да изгледате одморно и сјајно секое утро, многу е важно да ја заштитите кожата пред да одите на спиење.
Покрај бришењето на шминката и миењето лице пред спиење, пожелно е да се навикнете на уште неколку трикови за убава кожа.
Пред се мора да купите ноќна крема која одговара на вашиот тип на кожа. Мора да бидете внимателни бидејќи ако изберете погрешна крема, ќе добиете контра ефект. Ноќната крема нанесете ја секогаш по симнување на шминката и чистењето на лицето.




