Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Како астронаутите во вселената го видоа помрачувањето на сонцето (видео)

Како астронаутите во вселената го видоа помрачувањето на сонцето (видео)

Пред два дена Месечината целосно го покри сончевиот диск над тихоокеанското крајбрежје на Соединетите Американски Држави, и таа појава, која е прва по речиси 100 години, беше проследена од луѓе во 13 сојузни држави.

Мал број луѓе, сепак, успеаја да го видат сето тоа на поинаков начин – а тоа се астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Џек Фишер, кој е дел од тимот на МВС, на Твитер објави снимки од таа величествена глетка.

– Се надевам, сите успеавте да го видите сончевото затемнување. Не ми се верува дека ја видов онаа огромна сенка како минува низ САД, гласи придружниот коментар до видеото.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Видео

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.