Магазин
Принцот Хари за средбата со кралицата Елизабета: „Беше прекрасно да ја видам“
Принцот Хари (37) и неговата сопруга Меган Маркл (40) првпат по повеќе од две години тајно ја посетија кралицата Елизабета Втора (95), а сега се познати некои детали од средбата.
Имено, принцот Хари го нарушил молкот за тајна средба со кралицата, а странски извори пишуваат дека принцот и Меган сега се поканети да се појават на балконот на Бакингемската палата на платинестиот јубилеј на кралицата.





