Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите” во Лондон

Занимливости

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите” во Лондон

Британските принцови Вилијам и Хари, на изненадување на љубителите на научната фантастика, синоќа и се придружија на екипата од филмот „Војна на ѕвездите: Последниот џедај” на црвениот тепих на европската премиера во Лондон.

Принцовите во концертната сала Ројал Алберт Хол, се појавија во свечени одела, а ги пречека роботчето ББ-8, коешто некако стана и „заштитно лице“ на новата трилогија.

Инаку, во светските медиуми периодов наголемо се говореше за тоа дека тие двајца имаат и свои епизодни улоги во филмот. Британското кралско семејство пак, одбиваше да ги коментира тие наводи.

Имено, гласините говорат дека тие се појавуваат под маски на така наречените „стормтрупери”.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.