Занимливости
Пронајдена изгубената композиција на Моцарт
Музичкото дело кое се сметаше за изгубено, а заедники го напишаа австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт и неговиот италијански колега Антонио Салиери, пронајдено е во Прага.
– Таа заедничка композиција е пронајдена во складиштето на Националниот музеј за музика, изјави потпаролката Сарка Доцкалова.
Ова дело, за кое „долго време се веруваше дека е изгубено“ ќе биде претставено утре и по тој повод и изведено.




