Видео
ВИДЕО: Со лименки Ред Бул ќе ја прошетаат Европа – да им помогнеме на Марко, Борис и Волхан
#CanYouMakeIt е глобален настан организиран од RedBull во кој 165 тима од повеќе од 50 земји ќе се натпреваруваат патувајќи низ Европа користејќи ја само RedBull лименката како валута.
Македонија ќе има само еден тим претставник на натпреварот и тој ќе биде избран од 14-те тимови пријавени. Еден од пријавените тимови се студентите од ФИНКИ, Волхан, Борис и Марко.




