Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Речиси милион долари за куќата на „вештерката“ од Салем

Занимливости

Речиси милион долари за куќата на „вештерката“ од Салем

Некогаш запуштената куќа, која пред повеќе од 300 години и припаѓала на обвинетата „вештерка“ од Салем, сега, по нејзино големо реновирање, е ставена на продажба и за неа се бараат 975.000 долари.

Куќата, која се наоѓа во Фрејмингтон, во американската држава Масачусетс, денеска е отворена за разгледување.

„Вештерката“ Сара Клејз е уапсена во 1692 година за време на познатиот процес на вештерки во Салем, кога настрадаа 20 лица, меѓу кои и нејзините две сестри. Во 1693 таа е ослободена од обвинението.

Нејзината куќа се наоѓа околу 50 километри југозападно од Салем, на место каде подоцна настанал градот Фрејмингтон.

Историчарите тврдат дека многу малку останало од оригиналниот дом кој бил изграден во 1693 година. Останата структура потекнува од 1776 година.

Локалните жители пред неколку години основаа фонд за обновување на таа куќа во која, иако е реставрирана, сепак, се сочувани голем број оригинални елементи.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.