Настани
Lenny Kravitz се враќа во Охрид: Голем концерт на 4 август на СРЦ „Билјанини Извори“!
Кога се концертите во прашање, во Македонија постои една легенда која многу брзо прерасна во урбан мит. А, тоа е: ,,Имало кај нас концерти, ама ниту еден не бил ни приближно добар како оној на Lenny на стадион во Охрид”.
– Па, за сите оние кои беа тогаш присутни, за оние кои слушале, за оние кои тогаш биле деца и во меѓувреме пораснале и го засакале, решивме да го вратиме Lenny Kravitz во Охрид, на истото место и скоро во истото време, за Илинденските празници, на 4-ти август, вели организаторот Авалон Продукција.





