Музика
„Љубав преко мреже“: Нова песна на Браво бенд напишана од Сале Тропико и Браја
„Љубав преко мреже“ е насловот на новата песна на момците од Браво бенд, која е само продолжение на приказната што почнаа да ја испишуваат со претходната нумера „Катаклизма“.
Авторскиот тим и на двете песни е ист, односно музиката ја потпишува фронтменот на Тропико бенд Сале (Александар Цветковиќ), текстот е на Драган Брајовиќ – Браја, додека аранжманот е на Јован Лазаревиќ – Тукс.
Песната излегува во исто време со спот, за кој кадрите се снимени на Преспанското Езеро, а кој е работен под режисерската палка на Ѓорги Вацев. Приказната во спотот ја следи самата нумера и зрачи со позитивна енергија како и песната која претендира да стане летен хит.






