Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Реклама на „Супер боул“ која ги трогна американците

Занимливости

Реклама на „Супер боул“ која ги трогна американците

Таткото на девојка која прерано го изгубила својот живот во сообраќајна несреќа од неисправна заштитна ограда, закупил реклама за време на „Супер боул“ со цел истата да биде видена од Доналд Трамп.

Имено, Стив Ајмерс ја изгубил својата ќерка во сообраќајна несреќа во Тенеси. Таа имала само 17 години, а потврдено е дека загинала од неисправната заштитна ограда.

– „Државата ништо не презема. Едно е да се изгуби дете во сообраќајна несреќа во која ништо не си можел да направиш, а друго е кога детето ќе ти почине поради неправилна сигнализација, но за тоа на министерството не му е гајле воопшто“, вели Стив.

Стив за 1000 долари ја закупил рекламата во време на мечот на годината.

– „Вредеше за парите, се надевам дека прилог видеото ќе го види претседателот Трамп, кој одмора во својата резиденција“, додава очајниот татко.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.