Занимливости
Се продава магазинот „Ролинг Стоун“
Се продава „Ролинг Стоун“, 50-годишен магазин за музика и популарна култура, објави основачот на магазинот, Џен Венер.
Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Венер изјави дека тој и неговиот син Гас го продаваат „Ролинг Стоун“, но и дека се надеваат оти ќе останат во тимот.
Венер го основа списанието во ноември 1967., додека бил „хипик“. Тоа изврши големо влијание врз пишувањето за музиката, но сега е во тешка положба, главно поради општата ситуација околу продажбата на печатените медиуми, но и поради своето известување.




